Левица – Карпош победи во уште една битка со урбаната мафија

На денешната седница на Советот на Општина Карпош, каде не присуствуваа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ, беше изгласана предлог одлуката против висококатницата во Карпош.

„Предлог – одлуката за задолжување на градоначалникот и Општината да стопираат со издавање на градежни дозволи и забрана за започнување на градба и ревизија на ДУП за градска четврт 3 05 блок 8 во Општина Карпош или (28 – катницата во Карпош), што според Стевче нема да биде 28 катница, ама ќе биде висококатница со неколку ката повеќе или помалку, денес е изгласана со мнозинство гласови од членовите на Советот или конкретно од Левица, Независните и ДПМНЕ.“ – Напиша Ивана Стоименовска, Советник во Општина Карпош.

Со оваа одлука се задолжува Градоначалникот и соодветниот општински сектор да го стопираат издавањето на градежни дозволи и забрана за отпочнување на градба на просторот што го опфаќа ДУП за Градска четврт З 05 Блок 08, како и изготвување на стручен елаборат за суспензија на применувањето за блок 08 од ДУП за градска четврт 3 05 помеѓу бул.Илинден, бул. 8 Септемри, бул.Партизански одреди и ул.Љубљанска, донесен со одлука на Совет 07-7546/4 од 06.11.2013, Општина Карпош, со цел спроведување ревизија за истиот.

„Ова е нов пораз на урбанистичката мафија во Општина Карпош. Истовремено, жалам што зад интересите на карпошани не застанаа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ, со што практично ги прекршија своите предизборни ветувања дека ќе работат во интересите на жителите на Општината.“ – изјави координаторот на советничката група на Левица, Мартин Димоски.