Законите очигледно важат само за сиромашните, за богатите не

Во статус на фејсбук, претседателот на Црвена Младина, Марио Јанески реагираше за најновата одлука на советот на Општина Битола со која дел од земјоделците нема да имаат каде да го пласираат годинешното производство и ќе бидат отстранети од досегашната локација на која продаваа без притоа да се даде време и простор за да се изнајде ново решение.

Дојдоја на власт и сила покажуваат кон обичниот народец. Кон пазарџиите и земјоделците. Да, не треба да се продава на паркинг, но дозволете им на производителите времено да ја продадат својата берба за годинава, па најдете им решение во меѓувреме.
А не да ги бркате како тоа да е најголемиот проблем во градот. Туку ме интересира дали вака им се чаталите и на бизнисмените, олигарсите низ градот? На тендерчиња скроени, на дивоградби, нелегални земјишта и слично? Или не?Немате она на М да им се спротивставите нив а? Законите очигледно овде важат само за сиромашните, за богатите не.
Ама ќе ви дојде крајот !

И покрај предлогот на советниците на Левица оваа одлука да се одложи до Декември, како и протестот на производителите, сепак советот остана нем од која најголема штета ќе претрпат земјоделците.