Првачињата во Битола ќе добијат ваучери од 4000 денари благодарение на Левица

На денешната седница на советот на Општина Битола беше прифатена иницијативата на советниците на Левица со која се предвидува доделување на ваучери за сите првачиња од Битола во вредност од 4000 денари.

„Едногласно усвоена иницијативата на советничката група на Левица за доделување на ваучери во износ од 4000 денари од страна на општината на деца кои ја започнуваат својата школска возраст во прво одделение.Поради инфлацијата и поскапувањето на училишните прибори, Левица поднесе барање до општината да им обезбеди ваучери.Со оваа иницијатива им помагаме на семејствата кои имаат прваче во школска возраст, а нашите најмлади ќе бидат еднакви помеѓу оние кои можат да си дозволат повеќе, и оние кои не можат да си дозволат ниту минимални услови” – Велат од локалниот огранок на Левица – Битола