Димитриjевиќ: Градоначалникот може да ги унапреди правата на вработените

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, од редовите на Левица, Александар Димитријевиќ вели дека: „Хуманиот пристап кон вработените треба да биде основниот постулат во општеството“. Како кандидат кој потекнува од работничка партија тој смета дека „вработените како основен ресурс за работа треба да бидат мотивирани, задоволни и ослободени од притисоци за да можат квалитетно да ги извршуваат своите работни задачи.“

Во изминатиот период од изборната кампања, Димитриjевиќ оствари бројни индивидуални и групни средби со граѓаните. На овие средби често се говореше за работниците и работничките права. Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров освен на овие средби, своите ставови за оваа проблематика ги образложи и на социјалните мрежи.

Негов став е дека „Локалната самоуправа е јадрото на државата кое треба да покаже до кој степен се развиени основните демократските права и правата на работниците. Со оглед дека во локалната самоуправа се применуваат сите закони и права донесени за граѓаните, општината како целина треба да обезбеди достојна примена на истите. Под директна надлежност на општините се основните училишта, градинките, општинската администрација и јавните служби во кои работат голем број на вработени. Вработените не треба да бидат дискриминирани или мобингувани затоа што се симпатизери на други политички опции како што е пример до сега, туку единствен фактор треба да биде мерит системот.“

Во своето излагање Димитриевиќ особено внимание обрати на просветните работници и стручните служби. Вработените во градинките и училиштата треба да бидат луѓе кои ги сакаат дечињата, вработените во општината треба да бидат професионалци посветени на работата, вработените во јавните служби треба да бидат финансиски мотивирани да ги извршуваат своите задачи. Вработените во стручните служби треба постојано да ги унапредуваат своите вештини и знаења преку курсеви и семинари, на вработените кои ги изгубиле своите работни способности да им се овозможи професионална рехабилитација, на младите да им се даде шанса и никој да не трпи последици од промена на власта.“

Кандидатот за градоначалник предложен од Левица се залага за на младите и невработените лица да им се дадат субвенции и поволности услови за отпочнување на сопствен бизнис, а на веќе постоечките компании да се им се укаже на вработување на жители од општината и на почитување на правата.