Фашизмот колку беше анти-семитски толку беше и анти-македонски

  • Став на Реџеп Исмаил – член на Презедиумот на политичката партија Левица

Граѓанската интелектуала би лајк:
– Споменик/културен дом на Ванчо Михајлов, Цар Борис, Џемо Хасан, Мефаил Еипов (Шехи).

Мукла, ни збор дека биле фашисти, и дека не случајно денеска, од страна на одредени мејнстрим политички групации, се рехабилитира нивниот лик и дело – оти политиките кои токму нив им доликуваат, во Македонија се дел од правно-политичкиот систем, па дури и дел од Уставот на државава (бришење на АСНОМ и Рамковен)

НО, информацијата дека рехабилитацијата и глорификацијата на овие идеи и личности е направена преку искористување на историско место кое припаѓало на евреите, е тоа многу ги погоди нашите интелекти. Демек, нема везе што овие се фашисти и нацисти, проблем е што лоша локација им се дала.

Другари, фашизмот, колку беше анти-семитски настроен, толку беше и анти-македонски, па и анти-словенски. Колку Бугарите беа фашистички колаборационисти, толку и балистите. Не ги релативизирајте работите поради политичка коректност, или каков било друг општествен притисок.

Фашизмот не е анахрона појава, не чекајте некои политичари од нашата политичка сцена да стават кукасти крст на чело за да го вперите прстот кон политиките што тие ги застапуваат, поддржуваат, пропагираат и спроведуваат, па тек тогаш да кажете дека се про-фашистички!