Левица: 130 милиони евра народни пари за фамилијата Дестани блиска до ДУИ

  • Реакција на политичката партија Левица

Камен темелникот за наводната фабрика за електрични возила и најавата на Артан Груби за државна помош од 130 милиони евра, не е ништо друго, освен прелевање на народни пари од државната каса во буџетот на лица блиски до ДУИ.

Зад компанијата ,,Next e.go” стои ,,Еколог Интернационал” и семејството Дестани, кое е поврзано и со фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово.

За сопственикот Љазим Дестани во 2020 година се шпекулираше како еден од можните кандидати премиери албанци во тогашната кампања на ДУИ за премиер Албанец, а членови на ова семејство се редовни гости на настани организирани од албанската политичка елита.

Најавената помош од 130 милиони евра доаѓа во период кога Македонија се соочува со голема социо-економска криза, токму поради погубните социо-економски политики на владата предводена од ДУИ и СДСМ.