Директорот на „Македонија Пат” Костадин Ацевски е еден од насилниците на Мечкин Камен

Од Движењето за социјална правда „Ленка” објавија дека едно од лицата кое вчера се закануваше на граѓани на Мечкин Камен е актуелниот директор на јавното претпријатие „Македонија Пат”. Костадин Ацевски е поранешен претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров и поранешен пратеник на СДСМ, кој беше од составот кој гласаше за промена на уставното име. За него пред извесно време беше објавен скандал со семејно насилство.

Изминатиот месец медиумите објавија дека Ацевски како директор набавува 10 пати поскап битумен.

Костадин Ацевски се гледа на видеото кое го објави Левица како заедно со група поддржувачи на СДСМ се заканува на граѓанин, кој свирка против премиерот Ковачевски на вчерашната манифестација на Мечкин Камен.

Вчерашниот настан по повод Илинден беше обележан со многу инциденти, каде полициски структури на СДСМ како цивили, составени од началници и затворска полиција, се закануваа и малтретираа граѓани. На дел од медиумите воопшто не им беше дозволен пристап до владината манифестација.