Целосно бришење на АСНОМ од Уставот на РМ

  • Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – Портпарол на Политгичката Партија Левица

Во Преамбулата од Уставот, онаа која сакаат да ја менуваат по желба на Софија, стои:

„…во согласност со традицијата на Крушевската Република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ … ја конституираат РМ како самостојна, суверена држава…“

Согласно т.н „Преспански договор“ и заклучоците на Собранието, во Преамбулата на Уставот се заменуваат зборовите „одлуките на АСНОМ“ со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“. Тоа, како што кажа премиерот Зоран Заев, се прави за да се избегнат проблеми во иднина со Грција.

Сепак, со овие промени ги разбудивме апетитите на бугарскиот државен врв за кој содржината на овој Проглас е недозволива.

Инклинацијата на отварање на Преамбулата ни го поставува прашањето за Прогласот, за кој Красимир Каракачанов во 2018 година изјави дека треба да се брише, бидејќи во него стои „фашиска Бугарија – таја гнасна слугинка на империјалистичка Германија“, „фашистичка, империјалистичка Бугарија загина од Балканот за секојпат!“ и „под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ“ и тн.

На Каракачанов му се придружи и Румен Радев кој побара да се спречи влегувањето на Прогласот во Преамбулата на Уставот на РМ.

За Бугарија, синтагмата „фашистичка Бугарија“, како и „окупација“ и „окупаторска“ се проблематични, а Заев се договори таа да биде исфрлена од македонските документи и јавниот живот.

Во Прогласот се наведува – „Благодарејќи на това, Хитлеровите банди се оште седат во нашето Скопје. Они, со помош на професионалниот терорист Ванчо Михајлов … Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ, готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашистички војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер … това исто се готви и од најголемиот издајшки слуга на Хитлера, Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство.“

Во Резолуцијата A/RES/69/160, усвоена на Генералното Собрание на ООН, се нагласува дека: „Секое комеморативно славење на нацистичкиот режим, неговите сојузници и сродни организации, официјално или неофицијално, треба Државите да го забранат.“

Зошто тогаш, се дозволува и понатаму да постои нео-фашистичкиот клуб во Битола кој го носи името на овој крвник на македонскиот народ, чие кариерно фашистичко дејствување е забележано во нашиот Устав, и криминализирано со Нирнбершките процеси – бидејќи е виден соработник на нацистичкиот режим?

Што би се случило кога во Земун би се отворил „културен клуб“ кој би го носел името на Анте Павелиќ? Тоа секако, би била реставрација на сенките од минатото.

Антифашистичките темели на повоена Европа се рушат пред наши очи. Но, фашизмот нема да победи! Нашите животи се кратки, историјата е долга.