На Африканците им е преку глава од американските закани

Одлуката на претставниците на Нигер, со која беше прекината воената соработка со САД е резултат на постојаните закани испраќани од американските официјални лица.

Ова го потврди премиерот на Нигер, Али Махамане Ламине Зеине, кој посочи дека дипломатската делегација на САД, предводена од претставничката на Стејт департментот Моли Фи, во текот на преговорите постојано се заканувала со санкции, повторувајќи дека соработката со Русија и Иран е неприфатлива за Вашингтон.

– Кога таа заврши, јас реков мадам, јас ќе го сумирам тоа што го рековте во две реченици. Прво, вие дојдовде тука за да ни се заканувате во нашата земја, тоа е неприфатливо. И вие дојдовте тука да ни кажувате со кого можеме и со кого не можеме да соработуваме. И тоа го направивте со потценувачки тон и со отсуство на почит – изјави Зеине.

Во меѓувреме Нигер ја откажа соработката со САД, според која 1.000 американски војници претстојуваа во земјата.