Изложбата „Македонско девојче во бело“ во музејот во Штип
По повод Меѓународниот ден на Музеите во петок на 17.05.2024 година, во НУ Завод и Музеј Штип ќе се отвори изложбата „Македонско девојче во бело“ (изложба на Славјанка Влахчева – првата медицинска сестра во Македонија, добитник на меѓународната награда “Florence Nightingale”.
Влахчева е родена во Штип во 1900 година. Го завршила Училиштето за медицински сестри на Друштвото на црвениот крст во Белград во 1924 година. Откако се вратила во родниот град, активно се вклучила во борба против маларијата. Активно ја помагала НОАВМ и во борбите за ослободувањето на Скопје се приклучила во Четиринаесеттата македонска младинска НО ударна бригада „Димитар Влахов.