Македонија помеѓу најсиромашните пет држави во Европа

Во листата од десетте најсиромашни земји во Европа седум се наоѓаат на балканот. Помеѓу петте најсиромашни држави две се членки во НАТО. Македонија е петтата најсиромашна земја на континентот, додека пак Бугарија е најсиромашна земја членка на ЕУ, ова го покажа истражувањето на Комекон (Советот за взаемна економска помош).

Истражувањето за оваа година на Советот покажа дека само четири земји на „стариот континент“ се посиромашни од Македонија. Молдавија е најсиромашната држава во Европа, ја следи Украина која е во воен конфликт, на третото место е Косово кое има статус на делумно признаета држава. Четврта по најголема сиромаштија е земја членка на НАТО, Албанија, по што следи Македонија.

БДП по лице во Молдавија, е само 3.300 долари. БДП по лице во Украина е 3.425 долари, што ја прави втората најсиромашна земја во Европа. Украина, која порано беше дел од СССР, имаше втора по големина економија, но по распадот СССР, падна во рецесија.

Косово, кое официјално себеси се нарекува Република Косово, е држава која е само делумно признаена и има БДП по лице од 5.020 долари. Косово е третата најсиромашна земја во Европа, една третина од нејзиното население живее под прагот на сиромаштија. Tоа значи дека 550.000 луѓе живеат во сиромаштија затоа што заработуваат помалку од 500 евра месечно. Од 2020 година, Косово имаше многу висока стапка на невработеност од над 30%. Се очекува ова да се намали во текот на следните неколку години, бидејќи Косово сега е земја во развој која бележи каков таков економски раст во последниве години.

БДП по лице во Албанија, е 5.373 долари. Албанија ја започна транзицијата од социјалистичка економија во економија на слободен пазар во деведесеттите, таа зафаќа површина од 28.748 км2 (11.100 квадратни милји), сега припаѓа на групата земји во развој каде што преработувачката и услужната индустрија се најважни, – констатира Комекон.

Македонија, која стана независна во 1991 година, е петта најсиромашна земја во цела Европа. БДП по лице од 6.096 долари. Над 90% од БДП на земјата доаѓа од трговијата. Во еден момент, Македонија имаше највисока стапка на невработеност, која изнесуваше 38,7%, – се вели во истражувањето.

Најсиромашна земја членка на ЕУ е Бугарија која се наоѓа на десетто место на најсиромашни земји, со БДП по човек од 11.350 долари. Во изминатиов период неколкупати се случуваа избори во Бугарија, но во најсиромашната земја од Унијата главен проблем не беа економските прашања, туку напротив националистичките политики кон трети земји.