Додека трае мобилизацијата во Израел, синот на Нетанјаху е на сигурно во Мајами Бич

Според лондонски Тајмс синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир не е меѓу 300.000 резервисти мобилизирани за војната со Хамас, тој си остана на Флорида на сигурно да врши непрофитна добротворна работа.

„Јаир ужива во својот живот на Мајами Бич додека јас сум на фронтот“, изјави за британскиот весник еден војник, волонтер кој се соочува со Хезболах на границата со Либан. Барајќи анонимност од безбедносни причини, војникот се пожали дека „луѓето одговорни за оваа ситуација“ не го преземаат својот дел од товарот, што предизвикува „недоверба и гнев“ во редовите.

„Нашите браќа, нашите татковци, синови, сите одат на линијата на фронтот, но Јаир сè уште не е тука. Тоа не помага да се изгради доверба во раководството на земјата“, изјави војникот за Тајмс.

Друг војник, кој доброволно се пријавил и се подготвува да се распореди на јужниот фронт против Хамас, рече дека се вратил од САД и ја напуштил работата, животот и семејството.

„Нема шанси да останам таму и да ја напуштам мојата земја, мојот народ, во овој критичен момент. Каде е синот на премиерот? Зошто не е во Израел? Негодуваше војникот. „Тоа е најобединувачкиот момент за нас како Израелци во нашата понова историја и секој од нас треба да биде тука во моментов, вклучително и синот на премиерот“.

Синот на премиерот се пресели во САД оваа година, и на социјалните мрежи ги критикуваше Израелците кои протестираа против судските реформи на неговиот татко како „терористи“ и ги обвини САД за финансирање на превирањата. 

Инаку сите Израелци се предмет на задолжителна воена служба и се активни резервисти до 40-годишна возраст. Јаир Нетанјаху има 32 години. Неговата служба во Израелските одбранбени сили (ИДФ) беше како портпарол. 

Скоро 360.000 Израелци се повикани, или доброволно, за воена или служба за поддршка во „војната“ што Нетанјаху му ја објави на Хамас по упадот на Хамас на 7 октомври, што резултираше со околу 1.400 израелски смртни случаи. Владата во Западен Ерусалим вети дека ќе ја „збрише“ палестинската група со седиште во Газа.