АктуелноЛокално

Јанчев: Предавниците ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – Член на Централниот Комитет на Левица и Советник во Општина Гевгелија

И членови од ЛО Левица Велес повикани на разговор во полиција оти јавно го прозваа пратеникот од СДС за предавничкото гласање во Собрание.

Не им е исто. Ги боли. Они си мислеа дека може да гласаат како ќе им прдне без никакви последици. Си мислеа дека се недопирливи божества. И сеа проблем. Болело. И од немајкаде се обидуваат да не плашат со полиција.

А ние благодарение на нив цел живот низ пекол врвиме и овие “заплашувања” ни се во најмала рака смешни. Туку настрана тоа.

Господава тек сега видоа дека и боговите крварат. Губат рејтинг сега. Можно е никогаш повеќе никој да не ги гласа. Знаат дека ќе останат без моќ и без заштита. И ова ги боли најмногу.

А шо е најјако, ова не е тоа шо треба да ги боли најмногу. Функциите идат и си одат. На крај ко обични луѓе ќе треба да се шетаат по улица низ народ. А тоа, после ова, богами тешко. Еден ден пак ќе бидат никој и ништо, а тогаш ќе биде страшно. Сите ќе ги плукаат. А ние сме социјални суштества, најголема казна не ни е да не убијат, или доживотно да не затворат. Најголема казна ни е дур сме живи да не отфрли и презира заедницата во која живееме.

Ама ова е длабоко за нив, сега не можат да го сфатат и уште не ги допира. Како је лепо бити глуп. Ама ќе се опаметат. Тек допрва ќе ја учат таа лекција. На потешкиот начин.