Македонците во Грција и Бугарија со децении се во ЕУ и немаат основни човекови права

  • Објава на ОМО Илинден Пирин – забранетата партија на Македонците во Бугарија

Македонците во Грција 41 година се во ЕУ. Немаат основни човекови права. Македонците во Бугарија 15 години се во ЕУ. Немаат основни човекови права. Проблемот не е само во Бугарија и Грција, туку и во фашизоидниот однос на творбата ЕУ кон Македонците. Секој политичар кој по секоја цена ја води Македонија во ЕУ е најголем душман на Македонскиот народ.

Се додека нема реципроцитет во договорите со Бугарија и Грција, Македонците во ЕУ нема да бидат членови туку робови!
Главен услов за членство на Македонија во ЕУ треба да биде внесувањето на Македонците во бугарскиот и грчкиот устав и признавање на основните човекови права на македонското малцинство во Бугарија и Грција!

Ако нема реципроцитет, бидете сигурни дека и Македонците од Република Македонија ќе бидат избришани во ЕУ!
Се додека не се исполни условот на реципроцитет, НИКОЈ НЕМА ПРАВО да побарува внесување на бугарско малцинство во македонскиот устав!

И секој кој ќе ја доведе Македонија во подредена положба, без реципроцитет во договорите, треба најстрого да одговора пред македонските закони и судови!