Србија не ги поддржа санкциите на ЕУ кон ИР Иран, напротив, спремаат соработка

Единствената земја која е во процес на интеграција во ЕУ, а не се согласи со санкциите на Унијата кон Иран е нашиот северен сосед, Србија.

Санкциите се однесуваат на лица и субјекти кои веќе подлежат под санкции. Како што е наведено во документот на ЕУ, списокот на санкции вклучува физички и правни лица кои учествуваат во нуклеарни активности, одредени функционери на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГ), како и правни лица кои даваат услуги или се контролирани од ИРГ.

Иран е под санкции од западните земји веќе 35 години. Заедно со Куба и Венецуела, се земји кои најдолго живеат под притисокот од западниот свет, пред се САД и земјите членки на ЕУ.

Спротивно на империјалистичкиот и нехуман однос од Западните земји, Србија ја зајакнува економската соработка со ИР Иран. Неделава се среќаваат делегации на бизнисмени од двете земји. Потсетуваме, изминатите години ИР Иран склучи бројни договори за соработка со НР Кина, пред се, за развој на образованието, индустријата и инфраструктурата.

Стеван Никчевиќ, државен секретар во Министерството за трговија на Србија, изјави дека по формирањето на српската Влада, двете страни во Техеран ќе одржат состанок на мешовитиот комитет за трговска соработка.

„Планирана е посетата од страна на српскиот Претседател, Александар Вучиќ на Иран и се надеваме дека истата ќе биде реализирана, што е можно поскоро. Една од главните теми на дискусија ќе биде економската соработка“, изјави амбасадорот на Иран во Србија, Рашид Хасан Поур Баеи.