Крмов: Просто е неверојатно што ни се случува, измеќарски однос на СДСМ кон странците

Просто е неверојатно што ни се случува – ова е странска интервенција, за да се отворат преговори за Албанија, а ние никогаш да не влеземе во ЕУ, рече во својата дискусија Борислав Крмов од Левица.

„За прв пат македонскиот јазик не е заштитен. Интенцијата е дека јазикот е дел од бугарскиот! Или ќе бидеме заглавени во преговорите ако ги почнеме, или ќе се согласиме дека е дијалект”, додаде Крмов.

Просто е неверојатно што ни се случува – ова е странска интервенција, за да се отворат преговори за Албанија, а ние никогаш да не влеземе во ЕУ, рече во својата дискусија Борислав Крмов од Левица.

„Франција е против проширувањето со Западен Балкан. Ние никогаш нема да влеземе во ЕУ. Досега вината се префрлаше на ЕУ, а сега ќе ја префрлаат на нас, ќе велат не сакате Гоце да е Бугарин, Илинденско да е бугарско и така ќе се вадат, а во прв план им е кризата во Украина“, рече Крмов.

Според него, партиите на Албанците лобираат за Албанија, а од друга страна СДСМ сака ем да го оправдка Преспанскиот договор, ем да не им падне Владата, а својот легитимитет се обидуваат да го вадат не од народот, туку од странскиот фактор, наглси тој.

„За прв пат македонскиот јазик не е заштитен. Интенцијата е дека јазикот е дел од бугарскиот! Или ќе бидеме заглавени во преговорите ако ги почнеме, или ќе се согласиме дека е дијалект“, додаде Крмов.

Тој му се обрати на Павле Трајанов од Демократски сојуз.

„Ако имавте јасен став, вие, и помалите партии од власта, и ако тоа го кажевте, ем ќе спречевте ваков предлог, ем таа делегитимирана Влада ќе паднеше“, оцени Крмов.

Според него, сега сме во ситуација дека Македонците се дискриминирани од Албанците во сите институции каде доминираат Албанци, а во случајов и Македонија, затоа што дипломатијата и преговорите ги води Бујар Османи.

„Дали ќе се откажете од Скендербег ако треба да кренете рака за некаков предлог од овој тип за кој расправаме, ако ви кажат дека тој е Србин затоа што мајка му се викала Воислава, постариот брат Станиша, сестри Ангелина,Влајка… Дали ќе кренете рака? А ќе кренете за ние да се откажеме од Гоце Делчев. Затоа, размислете како ќе гласате“, рече Крмов.

Обраќајки им се на СДСМ, рече дека се наследници на Комунистичката партија која ја изгради државата, но оцени дека материјалните добра и односот кон тоа го направиле СДСМ наместо горда партија, да биде измеќар на странците, колонијален поданик, со таков однос и кон УЧК.

„Ќе исчезнете како партија за најмногу четири години – конечно“, рече Крмов меѓу другото во дискусијата.