АктуелноЛокално

Апасиев: Еднаш ги победивме фашистите, ќе ги победиме пак

  • Говор на пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, на денешната собраниска Седница

„Нашата генерација нема да дочека да влеземе во ЕУ. Со Преспански, сѐ ви кажавме како ќе биде однапред. Затоа сте „северномакедонци“. Со вакви дипломати, толку можеме, за жал.

Ќе дојде денот, кога нашите сограѓани ќе ве прашаат: што правевте кога ја силуваа Македонија? Кога едната рака ѝ ја држеше ЕУ, а другата Америка? Тогаш нема да можете да ги гледате во очи.

Имам порака до македонскиот народ: не паѓајте во духот, победата наша не е далеку. Секогаш сме биле на правилната страна на историјата. Еднаш победивме фашисти, ќе победиме пак.

СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ И ЗАТВОР ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ!“

Во прилог видеото од целиот говор на пратеникот: