(Видео) Апасиев до Џафери: Не го узурпирајте столчето на кое седите

На пленарната Седница во Собранието на Република Македонија на која се дискутира за „францускиот предлог“ преку кој владејачката СДСМ и ДУИ се обидуваат да спроведат бугаризација на Македонија, пратеникот Апасиев влезе во вербална расправа со Џафери.

Имено, Џафери многукратно во текот на Седницата ја злоупотребува функцијата Претседател на Собранието и си дозволува преку ред да го користи правото на реплика, на што пратеникот Апасиев остро реагираше.

„Претседателе, ова да Ви биде последен пат да ми мафтате со прст, не сум Ви дојден дома. Вие сте тука прв меѓу еднаквите и како таков не треба да го узурпирате столчето на кое седите. Ако имате реплика кон некој пратеник, ќе си земете реплика како сите нас. Таква е процедурата. Почитувајте го деловникот“