Ленка: Сите филмови, книги и прослави ќе бидат цензурирани од Бугарија

Откако протекоа информации од фамозниот протокол кој изминатите денови Влада го криеше од јавноста, бројот на реакции по истиот не стивнува. Причината за ова се бројните понижувачки одредби, вмешувањето во внатрешните работи на Републиката, како и ексклузивното право на цензура се кое се стекнува Бугарија.

Токму по прашањето, односно дозволата Бугарија да ја цензурира Македонија во разни области се огласи ДСП Ленка. Тие сметаат дека со прифаќањето на овој предлог Бугарија ќе ја контролира секоја свера од нашиот културен живот. Во прилог нивното соопштение:

„Во понижувачкиот Протокол, кој го објавија бугарските медиуми, а Османи упорно го крие, се предвидува сите нови книги, филмови, прослави и споменици претходно да бидат аминувани од бугарските врховисти!

Доколку на неофашистите од Бугарија не им се допаѓа, филмот или книгата ќе бидат суспендирани од државно финансирање. Под изговор за говор на омраза, ќе биде избришан сета анти-фашистичка борба од колективната меморија.

Нема да го гледаме филмот Трето полувреме, нема да се градат споменици на АСНОМ, нема да се пишуваат книги за гордата борба на НОБ!

Бугарија ќе ја контролира секоја сфера на нашиот културен живот, поради предавниците од СДС и ДУИ!“