„Доволно докази“ сугерираат дека „Ковид-19“ потекнува од биолабораториите на САД – тврди претседателот на комисијата „Лансет“

Пандемијата со вирусот Ковид-19, не произлезе од некаков си природен резервоар, туку од биолабораториската технологија на САД – тврди Претседателот на комисијата „Лансет“ (The Lancet Commission).

Ова го изјави светски познатиот економист и автор Џефри Сакс, говорејќи на конференцијата организирана од тинк-тенкот „Гејт Центар“ (Center GATE) во Шпанија минатиот месец.

Академикот Сакс, истакна дека иако засега „не знаеме со сигурност“ дали е тоа така, но, има „доволно докази“ што укажуваат на тоа, што ни сугерира дека истите„треба да се разгледаат“. Тој се пожалеи и дека оваа верзија, сепак, „не се истражува, ниту во Соединетите држави, ниту пак некаде друго“.

Уште во мај, Сакс, заедно со професорот по молекуларна фармакологија и терапевтика на Универзитетот Колумбија, Нил Харисон, напишаа статија во која се сугерираше дека Ковид-19 потекнува од лабораторија – но изнесените информации не биле подложени на „независна, транспарентна и научна проверка.”

Биолаборатории нас САД, не многу одамна, беше изложено дека тие се шират низ целиот свет, при што Украина е жариште за повеќе од 30 лаборатории за биолошко оружје финансирани од САД, кои работат на смртоносни примероци на африканска свинска чума и антракс.

Инаку, комисијата „Лансет“ е списание, рецензиран неделник за општа медицина. Тоа е меѓу најстарите и најпознатите медицински списанија во светот. Комисијата е основано е во 1823 година од страна на Томас Векли, англиски хирург, кој списанието го именувал по хируршкиот инструмент, на англиски „лансет“ (скалпел).