Во Битола се одржа протест пред францускиот конзулат против францускиот предлог

Вечерва во 20:00 часот група граѓани од Битола се собраа пред францускиот конзулат во Битола да изразат незадоволство и револт против Владата предводена од СДСМ и ДУИ поради прифаќањето на францускиот предлог. Протестот беше мирен, спонтано организиран и започна со интонирање на химната на Република Македонија.

Присутните истакнаа дека категорично се против ваквиот предлог со кој се предвидува бугаризација на Македонија и порачаа да се престане со државните велепредавствата кои ги прави СДСМ и нивната коалиција.

За утре исто така е најавен сенароден протест во Скопје пред Владата на Република Македонија во 19:00 часот за да се спречи уште едно предавство.