АктуелноИнтернационално

Иран лансираше ракета во вселената за истражувачки цели

На 26 Јуни  Иранската државна телевизија објави дека Техеран има лансирано ракета со цврсто гориво во вселената за истражувачки цели.

Сејед Ахмад Хосеини портпаролот на Иранското министерство за одбрана и оделот за вселенско истражување изјави дека: „Сателитот ‘Zoljanah“ е уред кој бил лансиран во суб-орбита со претходно одредени истражувачки цели“. За сателитот Хосеини сподели дека три-делниот носач има два циклуси на напојување од цврсто и еден од течно гориво и дека е технички компетитивен  со најдобрите светски носачи на сателити.

Успешното лансирање на сателитет од страна на Министерот за одбрана на Иран Бригадирниот Генерал Амир Хатами го нарече успешното лансирање како „напредок“ и дека ова докажува дека Иран е „научна сила“.

САД и ЕУ постојано ја критикуваат иранската вселенска програма тврдејќи дека е во судир со резолуциите на Советот за безбедност на САД. Техеран тврди дека нејзината вселенска програма е за мирни цели.

Новото лансирање се случи еден ден после посетата на Секретарот за надворешна политика на ЕУ Јосеп Борел на Техеран.