Г7 Земјите панично ќе испумпаат 700 милјарди долари како одговор на меѓународното влијание на Кина

  • Став на Круме Богески, советник во Општина Кавадарци од Левица.

Како се одвива Самитот бр.48 на земјите од Г7 кој се оддржува на Баварските Алпи прашувате?

1. Заштитата на животната средина е неважна, иако лани земјите донесоа одлуки за борбата против глобалното затоплување, на годинашниов самит земјите од G7 одлучија да ги занемарат мерките и да ги користат сите енергенси на располагање, независно од последиците по глобалното затоплување, како не би биле зависни од енергенсите на Русија! Секако тие направија обид да го обелат валканиот образ со образложението дека “секако ќе се обидуваат и понатаму да бидат во границите на Договорот од Париз“.

2. Ќе се забрани увоз на руско злато во САД, Велика Британија, Канада и Јапонија за да се ограничат средствата со кои располага Русија (затоа што сите знаеме дека Русија е многу зависна од тие пари, нели).

3. Како одговор на големиот број на инфраструктурни проекти кои ги води Кина околу светот (повеќето како дел од мегапроектот OBOR, сега B&R initiative), со кои очигледно добива поголемо меѓународно внимание и го зголемува своето влијание, САД, ЕУ и останатите земји од G7 ќе испумпаат 600 милиони долари во “развојни“ проекти за земјите во развој.

Заклучок: поробувачките колонизатори стотици години влечеа ресурси од земјите во Африка и Азија, но не смеат да дозволат Кина да гради аеродроми, училишта, автопати, болници и железнички пруги во овие земји за да го оддржат своето влијание. И океј, можеби ова ќе имаше некоја хуманитарна димензија, но, чекајте… Бајден ја исклучи и таа можност со изјавата: „Сакам да бидам јасен. Ова не е помош, ниту пак доброволна акција. Ова е инвестиција која ќе ни се исплати на сите!“ рече Претседателот на САД со образложение дека ова е начин да им се воочи на државите во развој дека треба да продолжат да соработуаат само со “демократските држави“.

No worries, note taken Mr. Biden, ние па одма ќе си помислевме дека искрено сакате да помогнете на државите во развој… thanks for clarifying!
И така, политичари од седум од највлијателните држави во светот во дворецот Schloss Elmau донесоа дел од одлуките кои на никаков начин нема да му помогнат на развојот на целиот свет, ниту пак на работничкиот народ во нивните држави кои ги нарекуваат “единствени демократии“.