Несогласување помеѓу Британија и ЕУ околу договорот за Северна Ирска
Владата на Обединетото Кралство планира да поништи некои делови од договорот што го склучи со Европската унија во 2019 година, по Брегзит.
Британците сакаат да го променат Протоколот за Северна Ирска со цел да го олеснат протокот на стоки од остатокот на Кралството во Северна Ирска.
На ова барање реагираше и германскиот канцелар Олаф Шолц кој рече дека му е жал за „неоправданата одлука“ на Британија да донесе закон со кој ќе се укинат проверките на стоките што се движат меѓу Велика Британија и Северна Ирска и порача дека Европската Унија, во врска со ова, ќе има единствен одговор.
„Британија донесе одлука што е во спротивност со сите договори меѓу ЕУ и Британија“, додаде Шолц.