Мајкрософт: Цензура на САД врз руските медиуми не успеа

И покрај тоа што Силиконската долина направи напори да ги потисне руските медиуми како РТ и Спутник, тие сè уште допираат до повеќе Американци отколку пред конфликтот во Украина и успешно се спротивставуваат на големите корпоративни американски медиуми во однос на месечните прегледи на страници, се вели во извештајот на Мајкрософт.

Памфлетот од 30 страници тврди дека операциите на руското сајбер влијание довееле до зголемување на пропагандата за 82 отсто во САД, но се подвлекува дека напорите на технолошкиот сектор „веројатно помогнале да се намали ширењето на нивото од пред февруаи“.

Проценките беа засновани на алатката на Мајкрософт „AI For Good Lab“, која очигледно предвидува кои страници може да се сметаат за невистинити вести и пропаганда а кои за вистинити.