Грчки разyзнавач упасен во Турција

Како што утрово јави државната ифнормативна агнеција на Република Турција, Анадолу, како резултат на своите истраги, Националната разузнавачка организација на Турција (МИТ) откри дека грчката Национална разузнавачка организација (ЕЈП) грчкиот државјанин Мохамед Амар Ампара, го користела како шпион за Турција.

Според информациите добиени од безбедносни извори, Анадолу известува дека МИТ, после спроведената истрага, открил како грчката разузнавачка служба, грчкиот државјанин, Мухамед Амар за свои потреби го користела како шпиун во Турција.

МИТ тврди дека грчкиот шпион Ампара за време на патувањата во Турција се однесувал како бизнисмен и се занимавал со разузнавачки активности под плаштот на трговијата. Исто така, МИТ тврди дека Ампара, за време на своите активности како бизнисмен, прибирал информации за различните елементи и структурата на турските вооружени сили, а истражувал и за Сиријците во Турција. Според МИТ, преку грчката разузнавачка служба, Ампара е финансиран од организацијата ФЕТО, односно од бизнисмени кои се доселиле во Грција, откако Турција ги прогласи за терористички организации во 2016-та година, после неуспешниот обид, преку државен удар на војската да ја соборат владата на Едоган.