АктуелноЛокално

Села бил загрижен што Албанија ги расипала односите со Бугарија за Македонија

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го обвини премиерот на Албанија, Еди Рама за кој рече дека се претвора во адвокат на Македонија и ги нарушува односите меѓу неговата земја и Бугарија. Според Села, загрижувачки е тоа што Рама ја застапува Македонија отворено, и полуотворено Србија, бидејќи како што вели, Србија се зајакнува на економски план и нема потреба од ЕУ.

„Албанија имаше одлука дека ќе побара поделба. Тоа е најмудрото нешто што може да го направи премиерот на Албанија, а не да се претвора во адвокат. Мене ме загрижува неговата јавна адвокатура во заштита на Македонија, нарушувајќи ги односите со Бугарија, што всушност и не му е потребно. Друго нешто што ме загрижува е и полуотвореното застапување на условувањето кое го има Србија, а тоа е дека процесот за членство на Србија во ЕУ зависи од признавањето на независноста на Косово“ – вели Села.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска ѝ се обрати со груб тон на Бугарија, велејќи дека се голем хаос кои држат во заложништво две земји-членки на НАТО.

„Вие сте хаос, момци. Голем хаос и срам што држите во заложништво две земји-членки на НАТО. Денес не очекувам добри вести, бидејќи како што реков и вчера, се подигна оптимизмот, но тука сме. Ова е нов ден во Европа, но не и во Бугарија. Ние никогаш нема да бидеме жртва бидејќи знаеме дека на овој пат има една Бугарија овде и една Бугарија таму, но ние не го менуваме курсот и ние ќе ја изградиме Европа во нашата земја“ – изјави Рама по средбите во Брисел.

И за време на својот говор во Брисел, Рама не штедеше на иронија. Рече дека патот кон евроинтеграцијата ќе продолжи и дека се надева оти идниот век нашата земја ќе стане дел од ЕУ. Ние ќе продолжиме со патот кон членство со надеж дека следниот век ќе станеме членки. Се соочуваме со една Бугарија тука, и една Бугарија таму, заклучи албанскиот премиер Рама.