(Видео) Македонската Влада учествувала во креирањето на францускиот предлог
За време на денешната прес конференција на Советот за општи работи Клеман Бон се огради од ставот дека францускиот предлог е спротивен на македонските интереси и нагласи дека македонската Влада била консултирана за истиот.
„Мора да се констатирам дека има билатерална блокада со месеци. Внимателно и со баланс, но отфрлам дека ова би било против интересите на Северна Македонија, напротив, во контакт и со Скопје, преку информациите од билатералните дискусии меѓу Скопје и Софија, но и преку директни контакти што ги имавме, што Европската Комисија ги имаше со двете страни, велам дека има некои теми кои немаат директно билатерален карактер, но ги засегаат преокупациите на Бугарија во нејзиниот однос со Северна Македонија, во преговарачката рамка, на внимателен и ограничен начин“, изјави Бон.
Бон нагласи дека одредени земји членки од ЕУ оправдатно тврдат дека билатералните прашање не треба да се третираат во процесот на преговори, но дипломатски заклучи дека ова ќе биде прв таков случај.
Многу земји членки потсетија на секој чекор, и оправдано, дека преговарачката рамка не е местото каде се третираат сите билатерални прашања. Има преокупации кои можат да имаат трансверзален карактер и кои ги интегрираме во преговарачката рамка на таргетиран начин. Тоа е калибирирањето што се обидуваме да го најдеме, тоа е срцето на темата, тоа таргетирање, во дух на баланс и правичност, додаде францускиот државен секретар за Европа.
Францускиот дипломат не заборави да потсети дека одлуките за овие прашања во Унијата се донесуваат едногласно и дека без дозвола од Бугарија, Македонија нема да може да ги отпочне преговорите.
„Да потсетам, внимателно, дека генералното правило за секоја земја кандидат и земја членка, е дека секоја етапа се отвора едногласно, прашањето е како се формулира тоа, ова има конкретен но и симболичен карактер, не сакам да навлегувам во детали бидејќи постои ризик за преговорите“ – додаде Бон.