Стратегиската определба на 114 притискачи на копчиња

Статус на Крум Велков.


ОБЈЕКТ-СУБЈЕКТ

Стратегиската определба на 114 притискачи на копчиња за НАТО во Собранието не е и стратегиска определба на големото мнозинство Македонски народ, и тоа сите многу убаво го знаат. Исто така, убаво знаат дека таа диспропорционалност еден ден ќе мора да се манифестира во општествено-политичката реалност. Тоа е физика на опстојувањето; сега сме во фаза на историска мимикрија, за која Македонците се докажани мајстори. Со оглед на глобалните, но и внатрешни трендови, мене ми се чини дека тое ќе биде релативно наскоро, во историска смисла. (НАТО и онака е историска минливост, како и секоја привремена моќ).

Залог за тоа е сѐ поголемиот број разбудени, освестени, (само)образувани, агилни Македонци, што е исто така историски процес на претварање на еден народ од објект кој (само) трпи влијанија, во субјект кој (ќе) ги произведува.

Всушност, ова е еден од последните чинови на неформалната стратегиска коалиција СДСМНЕ. Последниот евентуално би бил и формализирањето на таа коалиција, за недајбоже. Недајбожето, како што ми изгледа, ќе им започне уште на наредниве избори, но повеќе за тоа во свое време.