Баздникин: Чувствуваме искрена поддршка од многу македонски граѓани
На приемот по повод „Денот на Русија“ на присутните им се обрати Амбасадорот на Русија, Сергеј Баздникин. Во прилог ви пренесуваме дел од неговиот говор:
Одбележувањето на Денот на Русија оваа година се одржува на позадината на специјалната воена операција за заштита на Донбас. Повеќепати нагласувавме: спротивно на тврдењата на нашите недобронамерници, ова не е „агресија“, не е „војна со украинскиот народ“, а уште повеќе не е „геноцид“, туку заштита на нашите сонародници и на нивните основни права – на живот, на слобода, на употреба на нивниот мајчин јазик, на национална самосвест, која долги години украинските нацисти неуспешно се обидуваа да ја прегазат со поддршка на нивните странски патрони.
Да ве потсетам, главните цели на специјалната операција се заштита на населението на Донбас, демилитаризација и денацификација на Украина. Тие ќе бидат исполнети во секој случај. Русија ќе ја елиминира нацистичката закана, како што веќе направивме во 1945 година. Победата ќе биде наша.
Добро ви се познати нападите со кои се соочува нашата земја во моментов. Против Русија отворено се води тотална хибридна војна што ја започна „колективниот Запад“. Така, за нас е уште повредно што овде ги гледаме и руските сонародници, и нашите македонски пријатели – на секој од вас сме благодарни за вашето присуство.
Русија е уникатна земја со огромен потенцијал: човечки, ресурсни, деловен, технолошки. Секој обид за да ја изолира, „откаже“, „пречкрта“ на мапата на светот во принцип се осудени на неуспех.
Со длабоко жалење забележуваме дека кон ваквите деjства се придружуваат во Македонија. Оваа ситуација ја сметаме за неприродна – со македонскиот народ ние историски имаме блиските пријателски врски, засилени со нашето духовно и културно сродство, со заедничките словенски корени.
И покрај непријателските чекори – често, морам да кажам, акцентирано непријателски, кои секако ги забележуваме и ги земаме предвид – чувствуваме искрена поддршка од многу македонски граѓани кои јавно се изјаснуваат за заштита на Русија, ни испраќаат писма со најдобри желби, изразуваат разбирање за мотивите на деjствата на нашата земја, солидарноста со нејзините жители, ја нудат нивната помош. Благодарни сме на сите за принципиелниот став, кој во сегашните услови бара, слободно ќе кажам, храброст.