Општина Кисела Вода за прв пат не положи цвеќе пред споменикот на Пушкин
По повод празнувањето на 223 години од раѓањето на Александар Сергеевич Пушкин и Денот на рускиот јазик, во паркот кој го носи името на Пушкин во Општината Кисела Вода (Скопје), делегација на Амбасадата на Русија, предводена од Амбасадорот Н.Е. Сергеј Баздникин, традиционално положи цвеќе кон споменикот на поетот.
За жал, за прв пат по поставувањето на споменикот во 2009 година во церемонијата не учествуваа претставници на Општината Кисела Вода – ова го сметаме како обид да се манифестира „култура на откажување“, која очигледно е надвор од традиционално пријателските односи меѓу нашите народи.