(Видео) Левица предлага закон за уставни судии распуштање на сегашните судии јасни услови за назначување и јавни интервјуа
- Прес-конференција на претседателот на Левица, проф. Д-р Димитар Апасиев
Оваа пресконференција ја свикавме по повод еден историски настан во уставно-судската историја на Македонија, бидејќи прв пат на пленарна седница во нашата три децениска независност се предлага предлог-Закон за уставни судии од страна на пратениците на Левица – сметаме дека треба да ја надминеме онаа флоскула дека Уставниот суд се саморегулира, тоа не е така затоа што членот 113 од Уставот предвидува Деловникот да се носи само за постапката и начинот на работа на Судот но не и за уставните судии.
Како наследник на Југославија, ние сме првата социјалистичка држава која вовела уставно судство во 1963 година, за денес за жал да костатираме дека тоа е потполно урнисано, и не ги задоволува барањата за заштита на Уставот кои граѓаните ги имаат од уставните судии. Затоа, за прв пат предлагаме предлог-Закон за уставни судии кадешто стриктно ќе се пополни правната празнина која сега постои во Уставот, а тоа е флоскулата „истанкат правник“. До сега, постоеше само еден услов за уставни судии – да биде истанкат правник. Така ни се случуваше правник од селска кооперација да станува уставен судија.
Со цел да тоа не биде така, Левица предлага lex specialis за уставни судии. Воведуваме јасни и проверливи критериуми за номинација на уставните судии. Претседателот предвидуваме да не може да предложи никаков друг правник, освен универзитетски професор, поранешен омбудсман или негов заменик, поранешен републички јавен обвинител, или адвокат и civil rights defender со 20 годишно искуство во заштита на човековите слободи и права.
Понатаму, од страна на Судскиот Совет да не може да се предлагаат основни и апелациони судии, т.е. само врховни судии и судии кои суделе во меѓународно судство – тоа значи од Стразбур поранешните судии, додека од страна на Собраниската Комисија за избори и менување, воведуваме неколку критериуми. Завршени студии со просек 9, најмалку да биде магистер или доктор на науки, да има објавено релевантни книги или стручни трудови, и воведуваме да има само едно државјанство, а не повеќе државјанства, и да не вршел политичка функција седум години пред изборот. Тоа значи да не може да биде поранешен министер, поранешен пратеник, поранешен генерален секретар и сл.
Тоа што е новитет, се предвидува јавен оглас за уставни судии. Потоа, за прв пат се предвидува номинација од страна на правните факултети која досега не постоеше, имено до сега само пратениците предлагаа. Се предвидува под комитет за селекција каде што во еден широк состав ќе учествуваат универзитетите, академијата, МАНУ, интер-универзитетската конференција и други релевантни субјекти, и за прв пат се предвидува сослушување, односно, концептот кој е присутен во западните земји, или интервју на кандидатите којшто ќе биде пренесуван во живо на телевизија, и за прв пат се предвидува разрешување на уставните судии, бидејќи досегашните уставни основи за разрешување се сосем мали и не се случило уставен судија да биде разрешен.
Накратко, ова се новините, бидејќи сметаме дека најдобриот заштитник на граѓаните е интелектуалниот и научниот профил на судијата, кој за жал е девалвиран во овие 30 години, со констатација дека денес го имаме најслабиот, убедливо, персонален состав на уставниот суд, и во преодни и завршни одредби се предлага една револуционерна одредба, а тоа е принудна пензија на сегашниот состав на уставниот суд. Тоа значи дека по сила на закон, доколку овој закон биде изгласан, сегашниот состав на уставниот суд ќе престане да постои и ќе се премине кон комплетно нов избор на 9 нови уставни судии.