Путин: Oдговорите од Русија ќе кореспондираат со нивото на заканите кои ги добиваме

Знаете дека вчера Претседателот на Истражниот комитет на Русија Александар Бастрикин ми извести за првите резултати од истрагата за диверзијата извршена на Кримскиот мост. Податоците од форензичките и други испитувања, како и оперативните информации, укажуваат дека експлозијата на 8 октомври е терористички акт, терористички напад чија цел е уништување на цивилната, критично важна инфраструктура на Русија.

Очигледно е и дека нарачатели, организатори и извршители на терористичкиот акт се украинските специјални служби. Режимот во Киев уште долго време користи терористички методи. Станува збор за убиства на јавни личности, новинари, научници и во Украина и во Русија. Станува збор за терористички напади врз градовите на Донбас, кои траат повеќе од осум години. Тоа се акти на атомски тероризам, зборувам за ракетни и артилериски напади врз Запорожската нуклеарна централа.

Но, не само тоа: специјалните служби на Украина извршија и три терористички акти против Курската нуклеарна централа на Русија, постојано поткопувајќи ги високонапонските линии на електраната. Како резултат на третиот таков терористички напад, беа оштетени одеднаш три такви линии.

Со преземените мерки штетата е отстранета во најкраток можен рок, какви било сериозни последици не се дозволени.
Но, извршени се и некои други терористички напади и обиди на слични злосторства врз електроенергетските постројки и инфраструктурата за транспорт на гас на нашата земја, вклучително и обид за поткопување на еден од деловите на системот за транспорт на гас „Турскиот тек“.

Сето тоа е докажано со објективните податоци, вклучително и сведочењата на самите приведени извршители на овие терористички напади.

Како што знаете, на претставниците на Русија не им е дозволено да се придружуваат кон истражувањето на причини на експлозиите и уништувањето на меѓународните системи за транспорт на гас што минуваат по дното на Балтичкото Море. Но, сите добро го знаеме крајниот корисник на ова злосторство.

Така, режимот во Киев со своите постапки всушност се стави на исто ниво со меѓународните терористички формации, со најодозните групи. Едноставно е невозможно злосторствата од овој вид да се остават без одговор.

Утрово, на предлог на Министерството за одбрана и според планот на Генералштабот на Русија, беа извршани масивни удари со високопрецизното воздушно, морско и копно оружје со долг дострел врз енергетските, воено-командните и комуникациските објекти на Украина.

Во случај на продолжување на обидите за извршување терористички напади врз нашата територија, одговорите од Русија ќе бидат остри и во своите маштаби ќе кореспондираат со нивото на заканите до Руската Федерација. Никој не треба да се сомнева во ова.