АктуелноЛокално

Јанчев: Еве ти го НАТО – Македонија ја пишува со код NM

  • Објава на Саше Јанчев, член на ЦК на Левица и советник во Општина Гевгелија

1. Нема промена на Уставот со цел промена на името! >> Го менуваат Уставот за да сменат име, гратис и АСНОМ го бришат.

2. Нема двојазичност! >> Воведуваат двојазичност, гратис европско знаменце, со 61 глас, а менуват закони кои се носат со 2/3.

3. Го зачувавме јазикот! Заев се обратил на македонски во европски парламент (wow, замисли). Му прават сликички на кои пишува дека вечно ќе зборуваме на македонски. >> А они на јазикот кој е меѓународно решен 1977 во ОН, му ставаат фуснота.

4. За историја не преговараме! >> Потпишуваат договор со Бугарија, пази ова, за заедничка историја. Гратис формираат историска комисијата.

5. Ама комисијата е независна и не може за ништо да преговара! >> А комисијата формирана со одлука на Влада и Бујар Османи им праќа шпиун, кој не се ни крие, до нив си седи на комисија и овој шпиун запишува што договараат и веднаш го информира Бујар, а ако нешто не чини, летаат закани, не се продолжуваат договори.

И така дојдовме до поводот за постов:

6. ГИ ЗАЧУВАВМЕ МЕЃУНАРОДНИТЕ КОДОВИ MKD И MK. >> Еве ти го НАТО, Македонија ја пишува со код NM (од North Macedonia). Гратис беа лагите кога не пишуваа со бројки на онлајн конференции. Демек софтверски нешто, а не дека не сакаат да пишат MKD.

СДС врховистичко обожава кога го газат, а и нас со нив, ама однадвор. На сето лошо во тоа има и добро. Убаво треба да се запамти оваа нивна желба да бидат газени, за кога ќе ГИ ГАЗЕМЕ ние, тука по дома, да не ги жалите.

Оти тогаш многу гласно ќе квичат.