Сирија испрати писмо до ОН со информации за воените злосторства на САД

Сирија испратила официјално писмо до раководството на ОН со информации за воените злосторства на коалицијата предводена од САД во Рака во 2017 година, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.

Во писмото се истакнува дека „американската воена операција спроведена од илегалните сили на меѓународната коалиција во Рака меѓу јуни и октомври 2017 година резултираше со речиси целосно уништување на градот и смрт на илјадници цивили“.

Според подносителот на писмото, целта на воената операција на САД била да се уништи колку е можно повеќе патната инфраструктура, јавениот и приватниот имот, а нападите дека биле насочувани директно кон цивилни места.