(Видео) Апасиев: Секогаш кога СДС е на власт се случува косовизација на Македонија
Димитар Апасиев обвини дека секогаш кога СДСМ е на власт, во Македонија се случува демогравски инженеринг, кој тој го нарече косовизација на Македонија.
Лидерот на Левица, во интервјуто со новинарот Јанко Илковсkи, направи компаративна анализа и ги спореди бројките на издавани државјанства во периодите кога во државата СДСМ е на власт.
„Овој процес се случува преку вештачки демографски инженеринг и секогаш без исклучок кога е СДС на власт. Во 90-тите, при сукцесија од СФРЈ, 61.000 лице доби државјанство по тој закон. Значи ова се цели градови не е ова пет фамилии. Избирачки список во 1994 г. има 1.360.000 избирачи, во 1998 г. 1.572.000 гласачи, значи 200.000 плус. Тоа се четири града како Велес.“
Пратеникот исто така потврди ваквите процеси СДСМ не ги спроведува тотално сам, и потсети на примерите кога на барања на ДУИ беа разделувани македонски државјанства.
“Следно, ДУИ во 2004 година обезбеди 53.000 државјанства кога СДС кога беше на власт. И со последниов закон, каде со фискална сметка се добива државјанство, самите од Алијанса за Албанците и Алтернатива кажаа дека се очекуваат околу 100.000 државјанства.“
На крајот, тој ја потенцираше аферата, која во јавноста помина тивко, а од Управата за матични книги исчезнаа 100.000 листови, исто така во време кога коалиција на власт е СДСМ и ДУИ.
„И имаше афера, која помина незабележана, а која е многу опасна, поврзана со директор на ДУИ. Тоа се 100.000 матични листови (!) со сериски броеви, исчезнати од Управа за матични книги. А, рековме дека не ти бараат лична карта за попис.”