АктуелноИнтернационалноСтав

(Видео) Мојсоска: Преговорите со Бугарија се бесмислен процес

Јована Мојсоска, Генералниот секретар на Левица, во дебатната емисија „Само вистина“ имаше свое излагање кое се однесува на преговорите помеѓу Македонија и Бугарија. Во прилог ви го пренесуваме нејзиниот став по ова прашање.

Ние сме за прекин на преговорите со Бугарија, затоа што тоа е еден бесмислен процес! Треба да биде забележано во учебници дека брусевме шахти и ни ревидираа учебници за „датум за датум за ЕУ“. Тука гледаме еден целосно недемократски процес. Ние не зборуваме за Копенхашките критериуми, ние говориме за среден век, па малтене и за цензура на мислата и што ќе се презентира во нашите учебници. Од друга, надворешна страна, a ние ниту смееме да го спомнеме македонското малцинство во Бугарија.

Буквално ни ги ревидираат медиумите, ни ги ревидираат учебниците! Едно од барањата во таа фамозна Рамковна позиција која беше усвоена во Бугарскиот Парламент е и да сите медиуми кои се државно финансирани, да мора вестите да одат во согласност со одлуките на историската комисија.

Од тој аспект ние тргнуваме дека било какво решение е погубно решение во однос на преговорите со Бугарија. Не може да се преговара! – Ние таа Пандорина кутија ја отвараме изминативе 30 години. Почнавме нели со промена на знамето, па следеше привремената референца, па следеше нели референдум за територијална поделба каде што на два дена пред референдумот САД ја призна Македонија под уставно име, сега нели „Северна“, па порачаа дека ако помине референдумот ќе биде загрозена фамозната НАТО-интеграција. Стигнавме до Преспански договор, сега буквално дојдовме до преговарање за ликот на Гоце Делчев!

Преговарањето за Гоце Делчев е фатално! Како што секоја нација почива на митови, така и македонската нација почива врз митот за Гоце Делчев. Секој атак врз митот за Гоце Делчев претставува атак врз македонската нација!

Ние што можеме да побараме: Бугарија да го признае македонското малцинство, да ги спроведе сите тие пресуди од Судот за човекови права и да покаже дека има европски и демократски капацитет. Во спротивно ЕУ не може да се дистанцира и да каже дека ова е билатерален спор. Тоа е апсолутно невистинито, бидејќи ние сме уценети со вето за влез во ЕУ.