Крмов: Турците покажаа поголема храброст од комитите на ДПМНЕ

Од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Република Македонија не ги признава и не ги прифаќа објавените бројки и проценти за турците во пописот и истите ги означи за нереални.

Пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов на социјалните мрежи го поддржа и пофали овој потег на турската заедница, а нивната храброст да не го признаат пописот ја спореди со храброста на членовите од ВМРО-ДПМНЕ.

„Браво за Турците. Далеку поголема храброст од ‘комитите’ од ДПМНЕ кои се кријат позади внимателно одбрани зборови. И Ромите се спуштени вештачки и Власите исто.“

Во објавата пратеникот уште еднаш потсети на тоа фактот дека пописот е фингиран, а дека Македонците и православните христијани намерно не се внесувани во пописните резултати.

132.260 Македонци со намерно изоставена етничка припадност (иако ја има во базите на МВР) за да се измести етничката карта на државата на барање на ДУИ Со измислена општа категорија „христијани“ НАМЕРНО 242.579 православни верници се исфрлени од Православието за да прв пат биде под 1 милион на барање на ДУИ!

На крајот Крмов нагласи, дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицковски за спроведувањето на овој фалсификат не мрдаат ниту со прст, додека за нивното недејствување го обвинуваат народот.

И НИШТО, НИШТО, ниту еден збор за фалсификатите да не се каже, ниту „лидерот“ ниту свитата од белата палата. Ним народот им е крив. Политички кастрирани, се криете позади народот како кукавици.