Левица Делчево со поддршка на протестот на одгледувачите на сина слива во Пијанечко- Малешевскиот крај

  • Реакција на ЛО Левица Делчево

Денес во Делчево, земојделците и одгледувачи на сина слива од овој реагион протестираа со блокирање на патниот правец Делчево – Берово. Протестот започна во 11 часот и засегнатите протестирачи го изразија својот револт поради неможноста за откуп на познатата сина слива која најмногу вирее во регионот.

Земјоделците велат дека оваа година родот е голем, но државата не води сметка за пласманот на овошката. Тие велат дека се загрижени бидејки ќе нема откуп за сливата, а и да има, тие велат дека тоа би било 4-5 денари за килограм што е понижувачка цена за малкуте земјоделци кои останаа да се занимаваат со земјоделие во тој регион.

На протестот не присустуваа да дадат поддршка претставници од Општината, ниту Градоначалникот.

Левица Делчево, потенцира дека иако пласманот на сливата го обезбедува државниот апарат, тоа не заначи дека локалната власт не треба да застане во поддршка на локалните земјоделци и да изнајде начин да им помогне преку лобирање во државните структури. Истворемено апелираме локалните власти да изнајдат начини да им помогнат на своите сограѓани.

Сакаме да информираме дека во регионот на Пијанечко-Малешевскиот крај се одгледуваат околу 600 хектари сина слива и е загрижувачка состојбата на земјоделието кое е полека во изумирање во регионот, особено со немањето на решение за пласман на производите кои останале да се одгледуваат.