Бојкотирачите на пописот не ви се криви
Статус на Марио Јанески – Претседател на Црвена Младина.
Да кажеш дека тие што го бојкотирале пописот се криви за ваквите резултати е исто како да кажеш тие што го бојкотираа референдумот се криви што се промени името.
Не дечки. И едното и другото се направени противзаконски. И едното и другото немаат легитимитет.
Тоа што уценуваа пратеници, тоа што не признаа неуспешен референдум, и што ја попишаа пола швицарска не е кривица на обичниот народ кој се води од инстикти и се штити кога смета дека е загрозен!!
Не е проблемот толку во „процентот“ на етнички заедници колку што е проблемот какви процеси потоа како последица ќе се појават од истите „проценти“. Проблем е што луѓево во државава ги ценат според „проценти“ а не според квалитети и човечност. Кога секој „процент“ во државава ќе си ја сака, почитува Македонија како своја и кога ќе се идентификува со ова општество и придонесува за истото, тогаш ќе не биде. До тогаш…ќе покаже времето каде ќе се движи државава.
Во слободна Македонија оние кои насилнички ги спроведија двете операции ќе си лежат.