АктуелноЛокално

Продолжува кариерниот раст на Абази: Предложен за член на УО за Академијата на судии и јавни обвинители

Пет дена откако беше избран за шеф на обвинителството за организиран криминал кариерата на Ислам Абази продолжи да напредува. Советот на јавни обвинители го предлага да биде и член управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители каде неговата сопруга треба да полага завршен испит. Овој предлог поминал на денешната седница на предлог на заменикот претседател на Советот Арбер Исаку.

Освен Абази избрана е и Фиданка Рајевска која е член на советот на јавни обивнители а како заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

Според законот за акдемија на судии и јавни обвинители УО го сочинуваат 9 членови. Двајца обвинители и двајца заменици предлага советот на јавни обвинители.

Управниот одбор е орган на управување на академијата и има долг список на надлежности мегу кои и го именува и го разрешува директорот на академијата, ја избира и конституира Комисијата за приемен испит и Комисијата за завршен испит.

Токму сопругата на Абази ја привршува обуката на Академијата која е составена од теоретски и практичен дел и најдоцна до крајот на годината со колегите од генерацијата треба да полага завршен испит пред да може да биде избрана за судија или обвинител.

Извор: Инфомакс