АктуелноЛокално

Охридската болница со долг од 4 милиони денари, не можат ни струјата да ја платат

На Општата болница во Охрид и се насобрал долг од вкупно 4 милиони евра. Една половина од долгот била наследена, додека пак другата е направен во изминатите две години за време на ковид пандемијата.

Во изминатите 7 месеци болницата работи со блокирана сметка, а извршни судски решенија тие добиваат секојдневно, заради ова нормалното функционирање на болницата е невозможно.

Порталот сдк.мк извести дека само во изминативе две години поради ковид кризата направен е долг над еден милион евра за набавка на медицински материјали, боци за кислород а дополнителни средства биле потребни и за исплата на зголемените дежурствата на медицинскиот персонал.

Од болницата велат дека трошоците на инфективното одделение биле зголемени најмногу, односно претходно се трошела една боца за кислород годишно, додека во периодот на пандемијата болницата книжела и до 200 боци дневно. Карантински прегледи, ковид пациенти, па и процес на вакцинација, дополнително го зголемувале товарот врз болницата.

Директорот на болницата вели дека имаат долгови кон сите производители на лекови, како и за набавката на кислород. „Не постои фирма кон која немаме долгови, но за среќа сè уште нè толерираат“. Финансиската состојба е до толку лоша што во овој момент болницата не може да ја плати ни сметката за струја која за минатиот месец изнесува 4 милиони денари (околу 65.000 евра).

Тие спасот го гледаат единствено во помош од страна на државата.

Извор: sdk.mk