Опструкции од власта за ДУП-от во Влае

  • Статус на Славко Митевски – советник од Левица во Општина Карпош

Во месната заедница Влае 2 во тек е поднесување анкетни листови со забелешки на ДУП-от за Влае 2.

Пред вратата на месната заедница седат на клупите двајца мажи кои се представија дека се вработени во општината, кои на луѓето што сакаат да поднесат им укажуваат дека не можат да дадат анкетен лист ако не се жители на Влае 2.

На моето укажување дека погрешно го толкуваат дописот на градоначалникот, побараа од мене да се легитимирам, јас нормално се претставив со име и презиме и дека сум советник во општина Карпош и на мое барање тие да се претстават, тие одбија и понатака тврдеа дека тие што не се жители на Влае 2 можат само по пошта да праќаат.

Се сомневам дека не се работи за непознавање или погрешно разбирање на упатставата туку дека се намерно инструирани да ги спречат граѓаните да поднесуваат анкетните листови.