Башар ал-Асад: Западот докажа дека нема пријатели или непријатели

  • Јавно обраќање на сирискиот Претседател Башар ал-Асад.

„Западот докажа дека нема пријатели или пак непријатели. Има само еден непријател – тоа е секој кој ќе му застане на патот во исполнувањето на неговите лукративни интереси. Ниту комунизмот, ниту пак исламот, нацизам, Кина, Русија или било кој друг не се непријатели на Западот. Доколку им служат (на интересите на Западот) – тие се пријатели. Доколку се спротивстават (на интересите на САД) – тие се нивни непријатели. Со други зборови, тие немаат никакви принципи. Грдата вистина за сите нив е – и ова на малкумина им е познато – лагата дека Западот и ционизмот се противници на нацизмот.

Малкумина луѓе знаат дека лидерите на нацизмот во Украина – нацистичките организациите кои тесно соработуваа со Хитлер – преку најразлични форми и услови за безбедност, војска и идеологијата, на крајот од Втората Светска Војна, беа изнесени надвор од Украина. Некои од нив во Европа, а некои во САД. Во 1950 година, ЦИА побара од администрацијата на САД, да биде укината забраната за таквите нацистички групации, бидеќи истите на САД и требаат во Украина, која тогаш беше дел од СССР. Што ги докажува историските факти дека денеска Зеленски е ционистички евреин, кој сѐ уште ги поддржува екстремните националистички организации што се бореле (заедно со нацистите) во Втората светска војна, кога Хитлер изврши инвазија на СССР, а некои од нив учествуваа и во масакрите извршени против евреите.

Се поставува прашањето, како е можно ционистички евреин да ги поддржи овие организации? Западот ги поддржува тие организации, што денес ги нарекуваат десничарски крила „Азов“. Ционистички настроениот Израел, кој сѐ уште тажи по жртвите од холокаустот, ги поддржува лидерите кои ги поддржуваа нацистите што ги убиваа токму евреите. Ова докажува дека Западот лаже за се што зборува, и не му е грижа за ништо освен да го владее светот, ограбувајки ги ресурсите за на тој начин да ги си ги полнат своите каси.“