Вонреден самит на НАТО: Значително зголемени буџети за одбрана и продолжување на испораката на оружје кон Украина

Шефовите на држави членки на воената алијанса НАТО, се собраа во Брисел на вонреден самит за да разговараат во однос на специјалната воена операција на Русија во Украина.

Лидерите на земјите членки на НАТО се согласија да ја засилат поддршката за Украина, вклучително и одбраната од хемиски, нуклеарни и сајбер закани, како и да го зајакнат источното крило на Алијансата со распоредување на четири борбени групации во Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка.

НАТО ќе ја зголеми воената помош за Украина, ќе пренесе дополнителни системи за оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана како и ќе подготви планови за распоредување на дополнителни сили и средства во Европа за својот самит во јуни, рече Бајден.

Дополнително, во соопштението се вели дека НАТО распоредил 40.000 војници на источното крило, а распоредени биле и елементи на силите за брзи реакции, како и потврдено дека значително ќе се зголемат трошоците за одбрана во буџетите земјите членки.

Само САД испратија оружје во вредност од 1 милијарда долари во Украина минатата недела, обезбедувајќи Stingers, илјадници противтенковски проектили, Javelins, минофрлачи и друго оружје. Според Вашинтгтон, досега најмалку 30 други земји и обезбедиле на Украина различни видови оружје.

Ваквите активности на западните земји не водат до прекин на непријателствата, туку напротив, водат до непредвидливи последици. Дополнително, ваквата состојба директно ја загрозува безбедноста на цивилите, бидејќи украинските милитанти нив ги користат како „живи штитови“ и овие нео-нацистички групации криејќи се во станбените објекти низ населбите, дополнително ја загрозуваат безбедноста на цивилната инфраструктура како и самите животи на цивилите во и околу овие објекти.