Илјадници работници без плата за јануари, работодавците „казнети“ со опомена
- Реакција на Левица – Трудов Сектор.
Во Македонија да работиш и да не бидеш платен за тоа е секојдневие и нормалност.Само во Македонија за месец јануари над 20.000 граѓани не добиле плата, а работодавците се “казнети” со опомена.
Граѓаните се оставени на милост и немилост на фирмите и компаниите кои можеби во моментот немале доволно приход за месецот да им исплатат плата на нивните вработени, иако истите чесно ја изработиле платата и никој не ги предупредил дека нема да им се исплати плата од која што зависат тие и нивните семејства.
Во оваа криза, покрај покачувањата на производите, ценовни шокови и инфлација на повидок, работниците се принудени да останат дури и без плата, која плата им следува согласно законот
Така, само за месец јануари 2022 година, 4968 работодавачи поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата, но истата не е исплатена за 12827 вработени. Како овие вработени ќе бидат заштитени од самоволието на компаниите и трговците каде што работат?! Дали треба да се изложуваат на дополнителни трошоци со покренување на постапки кои истите треба да ги платат, за да им се исплати заслужената плата?
До кога експлоатацијата на работници во Македонија ќе се искачува на високо ниво и зошто државата не ги заштитува работниците и не ги казни фирмите, кои со опомена продолжуваат да ги кршат работничките права?