Поранешната директорка на ДЗС: Попиши се и сам избриши се!

Поранешната директорка на Државниот завод за статистика – Благица Новкоска, реагираше дека нема основ да се казнуваат граѓаните кои ќе одбијат да се попишат. Новкоска беше директорка за време на пописот во 2002 година, за кој исто имаше контроверзии околу резултатите и истата беше разрешена од тогашната власт под сомнителни околности.


Да си кажам навреме: Не се плашам од попишувачите туку се плашам за нив и тоа во што се втурнати. Може и не се свесни, но полнолетни се па си знаат за што ги ангажирале и на кои ризици ќе бидат изложени. Ич не се плашам ниту од амбициозните млади а неуки што ни делат лекции, но ним не им берам гајле затоа што знаат за што и за кого одработуваат. Ич не им се плашам ниту на тие што ни се силат со казни ….прости им боже ниту знаат што прават ниту што зборуваат. Секој ден менуваат искази во зависност кој ги истекнал за уши во текот на денот или на кого морале да му се извинат.

Да си прашам, дали ќе ги казнуваат тие од дијаспората што бојкотираат? Законот е еден и одредбите важат за сите. Не, нема да ги казнуваат ниту отселените ниту тие што се тука. Ќе мора да ги испочитуваат нивните одлуки да не учествуваат во нешто што ги прекршува нивните човекови права и го нарушува нивното човечко достоинство. После ќе треба да пребројат колку не им учествувале во процесот на разнебитување за да се подготви оценка на валидноста на тоа што го нарекуваат попис!” – додава Новковска.

Таа претходно напиша дека спроведување на попис во услови на корона е нехумано, несоодветно, безчувствително, непрофесионално и додаде дека спроведувањето на попис спротивно на статистичките стандарди ја покажува сета алчност на т.н политичари настрвени и немилосрдни во уништувањето на македонскиот народ. Новковска потенцира дека „овој процес (проект) е попиши се и сам избриши се.”


Да си кажам навреме: -Не се плашам од попишувачите туку се плашам за нив и тоа во што се втурнати. Може и не се…

Posted by Blagica Novkovska on Friday, 19 March 2021